Организациона платформа на Генералниот сојуз на анархисти

Конструктивен Дел


Проблемот на првиот ден од општествената револуцијата

Суштествената цел на трудовото движење и неговата борба е основата, преку револуција, на слободно, егалитарно анахо-комунистичко општество базирано на принципот: "Од секому според способностите, до секому според потребите".

Сепак, такво општество во неговата комплетна форма нема да се постигне само од себе, туку само со сила на радикална општествена промена. Неговата реализација бара, помалку или повеќе пролонгиран општествено-револуционерен процес, кој е управуван од оганизирани сили на работничкиот труд одејќи по одреден пат.

Нашата задача е да го посочиме тој пат тука и сега, да се детерминираат позитивните, практични проблеми што ќе ги конфронтираат работниците од првиот ден на општествената револуција. Самата судбина на општествената револуција ќе зависи од правилното решавање на овие проблеми.

Јасно е и без да се напомене дека, конструкцијата на новото општество ќе биде возможна само откако работниците ќе триумфираат над присутниот буржоаски капиталистички систем и неговите претставници. Конструкцијата на новата економија и новите општествени релации, не може да започне се додека моќта на државата која го брани ропството, не биде смачкана, се додека индустриските работници и селаните не земат водство во индустриската и аграрна економија на земјата по пат на револуција.

Како резултат, првата задача на општествената револуција е уништувањето на државната машина на капиталистичкото општество, да се симне буржоазијата, и поопшто, сите општествени привилегирани елементи од нивната моќ, и универзално да се воспостави волјата на бунтовните работници како артикулирачки во потцртаните принципи на општествената револуција. Оваа деструктивна и агресивна страна на револуцијата ќе го исчисти патот за позитивните задачи што се од вистинско значење и суштина за општествената револуција.

Тие задачи следат:

а. Да се најде анархистичко решение за проблемот на (индустриското) производство на земјата.

б. Да се реши аграрното прашање на истиот начин.

в. Да се реши проблемот на консумпција (прехрамбените залихи).

Производство

Имајќи на ум дека индустријата на земјата е резултат на трудот на многу генерации на работници и дека различните гранки на индустријата се тесно поврзани, ние гледаме на производството како целина како една голема работолница на произведителите, која комплетно припаѓа на работниците како цело и на никој посебно.

Производствеата машинерија на земјата е целина и припаѓа на целата работничка класа. Ова го одредува карактерот и формата на новиот систем на производство. Тој исто така ќе се обедини како целина, заеднички во онаа смисла каде продуктите, произведени од произведителите, ќе припаѓаат на секого. Тие продукти, од било каков тип, ќе го претставуваат генералниот фонд на залихи за работниците, од кој секој учесник во новиот систем на производствоќе прими се што има потреба, на еднакво ниво како и сите други.

Новиот систем на производство наполно ќе го отфрли ропството на исплата и екплоатацијата во сите нивни форми и на нивно место ќе го воспостави принципот на другарска соработка помеѓу работниците.

Средната класа која во модерното капиталистичко општество извршува средни функции (комерција, итн.), како и буржоазијата, ќе треба да ја одигра својата улога во новиот систем на производство на исто ниво како и сите други. Инаку, овие класи ќе бидат сместени надвор од работничкото општество.

Нема да постојат шефови, ниту претприемачи, ниту сопственици или државна сопственост (како што може да се најде денес во болшевичката држава). Во новиот систем на производство, функциите на организирање ќе деволвираат над специјално создадените агенции, наменски изградени од работничките маси: работнички совети, работни комитети или работнички администрации на фабриките. Овие агенции, одржувајќи комуникација една со друга на општинско, провинциско ниво или ниво на земја, ќе ги направат општинските, провинциските и потоа генералните (федерални) институции за управување и адинистрација на производството. Назначени од масите и континуирано подложни на нивно надгледување и контрола, овие тела ќе бидат константно обновувани, а со тоа ќе се постигне идејата за вистинско само-управување на масите.

Унифицираното производство, во кое средставата за производство и нивниот плод ќе припаѓаат на сите, ропството на исплата заменето со принципот на другарска соработка и еднаквост на правата на сите производители како воспоставен факт, производството надгледувано од телата на работничките администрации бирани од масите: овие се практичните први чекори на патот за реализацијата на анархистичкиот комунизам.

Консумпција

Проблемот на консумпција ќе се покрене за време на револуцијата како дуално прашање. Прво, принципот на воспоставување на ресурси на прехрамбени залихи. Второ, принципот на дистрибуција на овие залихи.

Што се однесува на дистрибуцијата на прехрамбени залихи, решението на ова прашање ќе мести стожер главно на квантитетот на достапните добра, принципот на експедитивност, итн.

При реконструирањето на сиот воспоставен општествен поредок, општествената револуција ја претпоставува како нејзина обврската за суштинските потреби на сите. Единстевн исклучок ќе бидат оние кои нема да работат, кои одбиваат да ја одиграат нивната улога во новиот систем на производство на контра-револуционерна основа. Но, генерално земено, и со исклучок на последната категорија на луѓе, сите потреби на целата популација во регионот каде што општествената револуција се одвива, ќе бидат исполнети од генералниот фонд на прехрамбени залихи.Доколку квантитетот на добра се покаже како недоволен, тие ќе бидат алоциранои според потреба, со приоритет на децата, болните и работничките фамилии.

Потежок проблем би бил организирањето на генералниот фонд на прехрамбени залихи.

Несомнено, во раните денови на револуцијата, градовите ќе бидат во недостаок од некои основни суштински потреби на населението. Во исто време, селаните ќе имаат голема исполнетост во произведувањето за градовите.

За анархистите, нема да постои сомнеж за заемноста на релациите помеѓу работниците во градовите и работниците во селата. Анархистите веруваат дека општествената револуција не може да се постигне освен преку концентриран напор на работниците и селаните. Следствено, решението на проблемот на консумпција во револуцијата ќе биде возможно само преку тесна револуционерна соработка помежу двете класи на работници.

Со цел да се воспостави оваа соработка, урбаната работничка класа ако се претпостави дека ја има контролата на производство, мора веднаш да ги пресмета основните потреби и на оние од селата и стремежот да ги снабди со нивните секојдневно консумерски добра како и средставата и инструментите за култивација на земјата. Гестовите на солдарност од страна на урбаните работнициво исполнувањето на потребите на селаните ќе повлече слична реакција, и како возврат селаните колективно ќе ги снабдуваат градовите со производите од руралното производство, особено со прехрана.

Генералните работничко-селански кооперативи ќе бидат примарно органи за задоволување на прехрамбените побарувања и економските потреби на градовите и селата. Подоцна, со поголемата одговорност за справување со пошироки и порегуларни задачи, како позабележителни снабдувањето на се што е потребно за подршка и развој на економскиот и општествен живот на работниците и селаните, овие кооперативи ќе бидат конвертирани во перманентни агенции за снабдување за градот и селото.

Ова решение на проблемот со снабдување со храна ќе му овозможи на урбаниот пролетаријат да воспостави постојан фонд на провизии кои ќе имаат фаворизиран и круцијален удел во судбината на новиот систем на производство.

Земјата

Во решението на аграрното прашање, ние ги сметаме селанските работници - оние кои не го експлоатираат туѓиот труд - и руралниот пролетеријат кој заработува со исплата, како главните револуционерни креативни сили. Нивната мисија ќе биде да спроведе новата пресраспределба на земјиштето, така што земјата може да се користи и култивира по комунистички линии.

Како и индустријата, земјата, поделена и култивирана со генерации на работници, е продукт на напорите на тие работници. Таа исто така припаѓа на работните луѓе во целина, на никому посебно. Како заедничка и неотуѓва сопственост на работниците, земјата не може да биде предмет на купо-продажба. Ниту пак може да се издава од еден или друг, ниту да служи како средство за екплоатирање на трудот на некого.

Земјата е исто така еден вид на јавна работилница каде работничките луѓе ги произведуваат средствата за опстојување. Но тоа е тип на работилница каде, како резултат на одредени историски околности, секој работник (селанец) се навикнал да работи сам, продавајќи ги своите производи независно од другите произведители. Додека пак во индустријата колективниот (комунистички) модел на труд е витално потребен и е единствениот изводлив, во земјоделието денес не е единствениот изводлив метод. Мнозинството од селаните ја рабоат земјата користејќи индивидуални методи.

Како резултат, кога земјата и средствата за работа ќе поминат во рацете на селаните, без можноста за продажба или наемнина, прашањето за како да се користи и што треба да се култивира (на нивото на комуна или фамилија) нема да биде целосно и дефинитивно веднаш решено, како што ќе биде и случајот со индустријата. Како почеток, ние најверојатно ќе ги користиме овие два методи.

Крајната шема на држење на земја и нејзино користење ќе се одлучи од самото револуционерно селанство. Нема да постои надворешен притисок за ова прашање.

Сепак, бидејќи ние сметаме дека само комунистичкото општество, во чие име општествената револуција ќе биде направена, може да ги ослободи работниците од ропство и експлоатација и да ги обезбеди со целосна слобода и еднаквост; бидејќи огромното мнозинство на селаните (речиси 85% во Русија) и како резултат на тоа, аграрниот систем посвоен од селаните ќе биде круцијален фактор во одлучувањето на судбината на револуцијата,и конечно, бидејќи приватното претпријатије во земјоделието, како и приватното претпријатије во индустријата, води до комерција, акумулација на приватна сопственост и реставрација на капиталот, наша одговорност е токму сега да направиме се во наша моќ да се осигураме дека аграрното прашање ќе биде решено во колективни линии.

На овој крај ние сега треба да започнеме да спровуваме интензивна пропаганда помеѓу селаните за доброто на комунистичкото држење на земјата и комунистичката култивација на почвата.

Создавањето на специфична селанска унија со анархистички видик ќе биде од значајна помош во овој потфат.

Во овој поглед, техничките предности ќе имаат енормно значење во олеснувањето на развојот на земјоделството, како и постигнувањето на комунизам во градовите, пред се во индустријата. Ако во нивната работа со селаните, аботниците работат не како одделни групи, туку како голем комунистички колектив кој ја опфаќа секоја гранка од производството, ако помислат на суштинските потреби на селото, и го снабдат секое село, не само со секојдневните потребни работи, туку и со алатките и машинеријата за колективна култивација на земјата, ове несомнено ќе ги повлече селаните кон комунизам во земјоделието.

Одбрана на револуцијата

Одбраната на револуцијата е исто така еден од проблемите на "првиот ден". Во суштина, најмоќната одбрана на револуцијата е успешното решение на предизиците со кои се соочува: проблемите на производство и консумпција, и прашањето за земјата. Откао овие пршања ќе се решат точно, ниедна контра-револуционерна сила би била способна за промена или пореметување на работничкото слободно општество. Сепак, работниците ќе се соочат со горчливата борба против непријателите на револуцијата со цел да се одбрани нивното физичко постоење.

Општествената револуција, која се заканува на привилегиите и на самото постоење на не-работничките класи на денешното општество, неизбежно ќе го испровоцира отпорот на овие класи што ќе земе форма на злобна граѓанска војна.

Како што покажа руското искуство, таквата граѓанска војна нема да биде работа која ќе трае неколку месеци, туку неколку години.

Колку и да бидат успешни работниците во првите неколку чекори на почетокот на револуцијата, владејачките класи ќе задржат голем капацитет за отпор за подолго време, и после одреден период од неколку години тие ќе ја нападнат револуцијата, обидувајќи да ја зграпчат назад моќта и привилегиите што им беа одземени.

Голема и добро опремена армија, подржана од воени стратези и поткрепена со капитал - сево ова ќе биде без семе против победоносните работници.

Ако работниците сакаат да ги задржат придобивките од револуцијата, тие ќе треба да формираат органи за одбрана на револуцијата, со цел да придобие боречка сила што е еднаква на задачата, против нападот на реакцијата. Во најраните денови на револуцијата, боречката сила ќе се состои од сите работници и селани кои ќе бидат наоружани. Но, оваа импровизирана вооружена сила би била изводлива во најраните денови, кога граѓанската војна сеуште не го достигнала својот врв и двете спротивставени страни не воспоставиле регуларни воени организации.

Најкритичниот јазол во општествената револуција не е моментот кога авторитетот ќе биде отфрлен, туку времето потоа кога силите на протераниот режим ќе започне со генерална офанзива против работниците, кога придобивките што биле постигнати мора да се заштитат.

Природата на таа офанзива, оружјето користено во текот на граѓанската војна ќе бара од работниците да создадат специфични воени револуционерни тела. Природата и темелните принципи на овие едници мора да бидат поставени однапред. Во одбивањето на државничките и авторитарните методи на контролирањето на масите, ние следствено го одбиваме државничкиот начин на организирање на работничките воени сили, т.е. ние го одбиваме принципот на армија базирана на задолжителна воена должност. Доброволниот принцип, според основните доктрини на анархизмот, ќе ја обезбеди базата на работничките воени тела. Револционерните партизански рздвоени групи на работници и селани за време на руската револуција може да се наведат како примери на такви структури.

Сепак доброволната револуционерна служба и партизанска активност не треба да се интерпретира во тесната смисла на зборот, т.е. како борба започната од работничките и селанските сили против локалниот непријател, без координација во облик на сеопфатен оперативен план, каде секоја единица работи под сосптвена иницијатива. Кога тие ќе бидат целосно развиени, партизанските акции и тактики во револуцијата ќе бидат водени од заедничка воена и револуционерна стратегија.

Како и во декоја војна, граѓанската војна ќе се води успешно од работниците само ако двата фундаментални принципи на воената активност се следат: единство во оперативното планирање и единство на заедничката команда. Најкритичното време на револуцијата ќе биде кога буржазијата ќе маршира како организирана сила против револуцијата, што ќе бара од работниците да имаат засолниште во овие принципи на воена стратегија.

Оттука, со дадените потреби за воената стратегија и стратегијата на контра-револуцијата, вооружените сили на револуцијата неизбежно ќе мораат да се здружат во заедничка револуционерна армија, со заедничка команда и заеднички оперативен план.

Таа армија ќе биде основана на следниве основни принципи:

А. класната природа на армијата;
Б. доброволната воена служба (цела коерција е исклучена во прашањето на одбраната на револуцијата);
В. револуционерна само-дисциплина (доброволната воена служба и револуционерната само-дисциплина се комплементираат заеднички на секој начин, и служба да се направи револуционерната армија посилна од секоја друга државна армија);
Д. тоталната послушност на револуционерната армија на работничките и селанските маси како што се претставени од генералните работнички и селански тела преку земјата, кои ќе бидат креирани од масите во моментот на револуцијата, со дадената задача на предвидување на економскиот и општествен живот.

Со други зборови, органот за одбрана на револуцијата, кој е задолжен за борба со контра-револуцијата и на отворените воени фронтови како и на прикриените фронтови на граѓанската војна (завери од буржазијата, подготвувањето на бунтовите, итн.), ќе бидат под комплетна контрола на највисоките работнички и селански рпоизводтствени организации - ќе биде одговорен пред нив и пред нивната политичка насока.

NB: Додека револуционерната армија има потреба од структурирање со одредени анархистички принципи, не треба да се смета како точка на принцип. Тоа е само последица од воената стратегија во револуцијата, стратешка мерка која процесот на граѓанската војна несомнено ќе ги присили да ја земат. Но, оваа мерка треба да биде во фокусот на нашето внимание дури сега. Мора да се проучи темелно дури сега, така што би се избегнале фатални задоцнувања при заштитувањето и одбраната на револуцијата, бидејќи во време на граѓанската војна, задоцнувањата можат да се покажат како фатални за резултатот од целата општествена револуција.

 


On to Организационен Дел

Back to Index


Return to The Nestor Makhno Archive

Other pages connected to this site:

Anarchist Groups & Organizations

An Anarchist Reader