Организациона платформа на Генералниот сојуз на анархисти

Организационен Дел


Принципите на анархистичка организација

Генералните конструктивни принципи поставено погоре ја претставуваат организационата платформа на револуциоерните сили на анархизмот.

Оваа платформа е градена околу одредено теоретско тактичко гледиште. Ова е минималното заокружување под кое сите милитанти на организираното анархистичко движење мора да се соберат.

Задачата на платформата е да ги собере сите здрави елементи од анархистичкото движење во единствен актив и контуинирано да се работи на организацијата, Генералниот сојуз на анархисти. Сите активни милитанти на анархизмот мора да ги насочат своите ресурси во креирањето на оваа организација.

Основните организациони принципи на Генералниот сојуз на анархисти се следниве:

1. Единство во теорија

Теоријата е сила која ја води активноста на индивидуалните луѓе и индивидуалните организации по одреден пат кон одредена цел. Природно, таа мора да се сподели со сите личности и сите организации кои ќе се приклучат на Генералниот сојуз. Активноста на Генералниот анархистички сојуз, и општо и во деталност, мора да биде пефектно конзистентна со теоретските принципи изнесени од сообранието.

2. Единство во тактитки или колективен метод на акција

Тактичките методи применувани од индивидуалните членови или групи во сојузот мора исто така да бидат обединети, строго конзистентни едни со други како и со целокупната теорија и тактика на сојузот.

Споделувајќи генерална (заедничка) тактичка линија во движењето е од круцијално значење за постоењето на организацијата и на целото движење: го ослободува движењето од конфузијата што се покренува од повеќето меѓусебно антагонистички тактики и ги фокусира сите сили на движењето во заедничка насока што води до одредена цел.

3. Колективна одговорност

Праксата на работењето на одговорноста на една личност мора строго да се осуди и отфрли од редовите на анархистичкото движење.

Областите на револуционерниот, општествениот и политичкиот живот се длабоко колективни по природа. Револуционерната јавна активност во тие области не можат да бидат базирани на индивидуалната одговорност на поедините милитанти.

Генералното извршно тела на анархистичкото движење - анархистичкиот сојуз - зазема одлучен став против тактики на не пресметливиот индивидуализам и го воведува принципот на колективна одговорност во редовите: сојузот во целина е одговорно за револуционерната и политичката активност на секој член од сојузот; исто така ,секој од неговите членови е одговорен за револуционерната и политичката активност на сојузот како цело.

4. Федерализам

Анархизмот отсекогаш ја одбивал централизираната организација и каде општествениот живот на масите е во прашање и како и во областа на својата политичка активност. Системот на централизација се потпира над загушување на духот на критицизмот, иницијативата и независноста на секоја индивидуа и над слепата послушност на масите кон "центарот". Природата и неизбежната последица од овој систем е поробувањето и механизацијата, и на јавниот живот и на животот на партиите.

Во спротивност на централизмот, анархизмот отсекогаш го предлагал и бранел принципот на федерализам, што ги комбинира независноста на индивидуаа или организацијата со нивните иницијативи и сервиси за заедничката кауза.

Со комбинирање на идејата за независнот и исполнување на секое право на индивидуата во служба на општествените потреби и инстинкти, федерализмот го асфалтира патот за секоја целосна манифестација на факултетите на секоја индивидуа.

Но многу често федералистичкиот принцип бил деформиран во анархистичките редови; премногу често бил земан за значење примарно на правото да се покаже нечие его и да се занемарат обврските кон организацијата.

Оваа дисторзија предизвика голема неорганизираност во нашето движење во минатото, и време е да се стави крај на тоа еднаш засекогаш.

Федерализмот значи слободен договор на индиавидуи и цели организации на колективен стремеж, со цел да се постигне заедничка цел.

Сега, секој таков договор во било која федеративна унија може да стане реалност (наместо постоење само на хартија) ако суштинските услови се исполнети каде сите страни на договорот и на унијата целосно ги почитуваат обврските што ги зеле и се справуваат со одлуките кои се донесени заедно.

Во секој општествен проект, без разлика колку големи се федералистичките бази над кои што се гради, нема да постојат права без одговорност, како што нема да има одлуки без овие да се имплементираат. Тоа е се понприфатливо во анархистичка организација која презема обврски само на себе без оглед на работниците и општествената револуција.

Како резултат, федералистичкиот тип на анархистички организации, додека се признава правото на секој член на организацијата за независност, слобода на мислење, лична иницијатива и индивидуална слобода, доверува на секој член одредени организациони должности, барајќи тие целосно да се извршат и нивните заеднички одлуки да се спроведат на дело.

Само на овој начин федералистичкиот принцип оживува и анахистичката организација функционира правилно и се движи кон целта што ја има поставено.

Идејата на Генералниот сојуз на анархисти го покренува прашањето на координација на активностите на сите сили на анархистичкото движење.

Секоја организација здружена со сојузот, претставува жива ќелија што е дел од целиот организам. Секоја ќелија има свој секретаријат за олеснување на активностите и за обезбедување на теоретско и политичко водење.

Со цел да се координираат активностите на сите придружни организации на сообранието, треба да се воспостави специјално тело во форма на извршен комитет на унијата. Следните функции ќе бидат пропишани на тој комитет: имплементација на одлуките донесени од сојузот, како што е назначено; надгледување на активноста и теоретскиот развој на индивидуалните организации, со одржување на целосната теоретска и тактичка линија на сојузот; надгледување на генералната состојба на движењето; одржување на функционалните организациони врски помеѓу сите организации членови на сојузот, како и со сите други организации.

Правата, одговорностите и практичните задачи на извршниот комитет се поставени од конгресот на генералниот сојуз.

Генералниот сојуз на анархисти има одредена и добро дефинирана цел. За доброто на успехот на општествената револуција, мора пред се да ги одбере најкритичните и револуционерни елементи од селаните и работниците за нивно вклучување во него.

Како организација што промовира општествена револуција (и исто така анти-авторитарна организација) која бара непосредно уништување на класното општество, Генералниот сојуз на анархисти исто така се потпира и на две фундаментални класи од сегашното општество - работниците и селаните - и еднакво ја олеснува потрагата на двете за еманципација.

Што се однесува на урбаните работнички револуционерни трудови организации, генералниот сојуз на анархисти мора да се потруди да стане нивни пионер и теоретски ментор.

Генералниот сојуз на анархисти си ги поставува себе си истите задачи кога се во прашање експлоатираните селански маси, да служи на својата основа, играјќи ја истата улога како и урбаните работнички класи револуционерните синдикати, тоа мора да се обиде да развие мрежа од револуционерни селански економски организации, и понатаму, одреден Селански сојуз изграден на анти-авторитарни принципи.

Родено од масите на работниците, генералниот сојуз на анархисти мора да учествува во сите аспекти од нивниот живот, секогаш и секаде носејќи го духот на организација, истрајност, милитантност и волјата за да се продолжи со офанзивата.

Само тогаш ќе биде способно да ја исполни својата улога, да ја изврши својата теоретска и историска мисија во општествената револуција на работниците и да стане организираниот предводник во процесот на еманципација.

 


Back to Index


Return to The Nestor Makhno Archive

Other pages connected to this site:

Anarchist Groups & Organizations

An Anarchist Reader