Организациона платформа на Генералниот сојуз на анархисти
Генерален Дел
Како и сите претходни општества, современото буржоаско капиталистичко општество не е обединето. Тоа е поделено во два различни кампуси, остро разликувајќи се помеѓу нината општествена позиција и општествена функција: пролетаријатот (во најшироката смисла на зборот) и буржоазијата.
Големиот дел од пролетаријатот со векови го носи товарот на тешкиот физички труд, чии плодови не се распределуваат во него, туку во друга привилегирана класа што ужива во сопственоста, авторитетот и продуктите на духовната култура (наука, образование, уметност) - буржоазијата.
Општественото поробување и експлоатацијата на работничките маси ја формираат основата на која стои модерното општество и без која не може да постои.
Овој факт бил поттик за со векови долгата класна борба, понекогаш во отворена, бурна форма, понекогаш во недетектирана и бавна, но секогаш фундаментално насочена кон трансформација на постоечкото општество во општество што ќе ги задоволи потребите на работниците, нивните побарувања и нивната концепција за правда.
Во општествени параметри, целата човечка историја претставува континуиран синџир од борби на работничките маси во потрага по нивните права, слобода и подобар живот. Во сето тоа време од историја на човечки општества, оваа класна борба била принципиелниот фактор кој ја одредувал формата и структурата на тие општества.
Општествено-политичкиот систем на било која земја е првенствено продуктот на класната борба. Структурата на било кое општество е индикација за фазата на класната борба што е достигната. Најмалата промена во плимата на класната борба и во релативните сили на антагонистичките класи веднаш произведува промена во материјалот и структурата на класното општество.
Ова е генералното, универзално значење на класната борба во животот на класните општества.
Во истовреме, структурата на денешното општество автоматски ги држи работничките маси во состојба на неписменост и ментална стагнација: со сила го спречува нивното образование и просветлување така што би било полесно да се контролираат.
Напредокот на денешното општество - технолошкиот развој на капиталот и усовршувањето на политичкиот систем - ја засилува моќта на владеачките класи и ја прави борбата против нив потешка, а со тоа се одложува круцијалниот момент кога трудот ќе ја достигне својата еманципација.
Анализите на современото општество покажуваат дека не постои поинаков начин за постигување на трансформација од капиталистичко општество во општество на слободните работници освен преку насилна општествена револуција.
Анархизмот се разви, не од апстрактните рефлексии на некој научник или филозоф, туку од директната борба на работничките луѓе против капиталот, од нивните потреби и побарувања, од нивната психологија, од нивната желба за слобода и еднаквост, аспирации што станаа особено живи во најхеројските фази на животот и борбата на работничките маси.
Истакнатите мислители на анархизмот - Бакунин, Кропоткин, и други - не ја измислија идејата на анархизмот, туку тие ја открија помеѓу масите, тие помогнаа да се развие и да се пропагира преку моќта на нивната мисла и знаење.
Анархизмот не е продукт на индивидуална креација, ниту пак објект од индивидуални експерименти.
Исто така, анархизмот не е ни продукт на генералните човечки апсирации. Не постои "едно" човештво. Секој обид да се направи анархизмот атрибут на целото човештво, како што претставително стои, или да се кредитира со генерален човечки карактер, би било историска и општествена лага што неизбежно би резултирала со оправдувањето на денешниот поредок и свежата експлоатација.
Анархизмот е широко хуманитарен само во онаа смисла каде идеалите на работничките маси би ги подобриле животитте на сите луѓе, и дека судбината на човештвото денес или утре е врзана со судбината на поробениот труд. Доколку работничките маси се покажат победоносни, целото човештво би се преродило. Ако пак потфрлат, тогаш насилство, експлоатација, ропство и угнетување ќе преовладеат во светот како порано.
Зачетокот, одвиткувањето и реализацијата на анархистичките идеали се вкоренети во животот и борбата на работничките маси и се нераскинливо врзани со општата судбина на истите.
Анархизмот цели да го претвори денешното буржоаско капиталистичко општествово општество што ќе ги гарантира плодовите на трудот, слободата, независнота, општествената и политичка еднаквост на работничките луѓе. Ова општество е анархистички комунизам. Во анархистичкиот комунизам ќе биде најизразена не само општествената солидарност, туку и идејата за слободна индивидуалност, и овие два поими ќе се развиваат заедно одблиску во совршена хармонија.
Анархистичкиот комунизам верува дека единствениот креатор на сите општествени средства е трудот - физичкиот и интелектуалниот - и како резултат, само трудот го има правото на управување со целиот економски и јавен живот. Ете затоа анархистичкиот комунизам не го оправдува или подржува постоењето на не-работнички класи.
Доколку овие класи би опстанале и би коегзистирале со анархистичкиот комунизам, тогаш анархистичкиот комунизам нема да презема одговорност према нив. Само кога не-работничките класи ќе станат продуктивни и ќе сакаат да живеат во општествениот систем на анархистичкиот комунизам со иста нога како и другите што ќе окупираат позиција, т.е. позицијата на слободни членови на општество еднакво за сите, уживајќи во истите права на тоа општество и имајќи ги истите генерални одговорности.
Анархистичкиот комунизам бара искоренување на сета експлоатација и насилство, без разлика дали се однесува на индивидуа или пак работнички маси. На тој крај се креира економска и општествена основа што ќе го фузира економскиот и општествениот живот на земјата во хармониско единство и ќе ја гарантира сечија индивидуална еднаквост и ќе овозможи максимално добро за сите. Оваа основа е заеднички посед во формата на социјализација на сите средства и инструменти на производство (индустрија, транспорт, земја, сурови материјали, итн.) и конструкцијата на националните економски агенции врз база на еднаквост и само-управување на работничките класи.
Во параметрите на само-управувачкото работничко општество, анархистичкиот комунизам го поставува принципот на еднаква вредност и еднакви права на секоја индивидуа(не на "апстрактна" индивидуалност, или "мистична" индивидуалност, или пак концептот на "индивидуалност како идеја").
Од овој принцип на еднаква вредност и еднакви права на секоја индивидуа, исто така и фактот дека вредноста на трудот обезбеден од секоја индивидуална личност не може да се мери или оцени, следат подвлечените економски, општествени и судски принципи на Анархистичкиот комунизам: "Од секому според способностите, до секому според потребите".
Основата на демократијата е во задржувањето на двете антагонистички класи на современото општество - трудот и капиталот - и нивната соработка врз основа на капиталистичката приватна сопственост.
Парламентот и националната претставителна власт се изрази на оваа соработка.
Формално, демократијата прокламира слобода на говор, на печат, на здружување, како и универзала еднаквост пред законот.
Во реалноста, сите слободи се од релативна природа: тие се толерирани се додека не се спротивставуваат на интересите на владеачката класа, т.е. буржоазијата.
Демократијата го остава нечепнат принципот на капиталистичката приватна сопственост. Со тоа, го зачувува правото на буржоазијата да ја контролира целосната економија на земјата, како и на печатот, образованието, науката и уметностите, кои во пракса ја прават буржоазијата апсолутен господар на земјата. Додека ужива во монополот во сферата на економските работи на земјата, буржоазијата е слободна да воспостави нејзин комплетен и неограничен авторитет исто така и во политичката сфера. Навистина, парламентот и репрезентативната власт се само извршни органи на буржоазијата во демократиите.
Како резултат, демократијата е само една варијанта на буржоаско диктаторство, нејзините фиктивни политички слободи и демократски гаранции се само завеса од чад дизајнирана за задскривање на нејзиниот вистински идентитет.
Државата е, и организираното насилство на буржоазијата над работниците, и системот на нејзините извршни органи.
Левите социјалисти и особено болшевиците истотака гледаат на буржоаската моќ и на буржоаската држава како алатки на капиталот. Но тие веруваат дека, во рацете на социјалистичките партии, државната моќ може да стане силно оружје во борбата за еманципацијата на пролетаријатот. Тие се за социјалистичка моќ и пролетерска држава. Некои од нив (социјал-демократите) се надеваат на постигнување на позиција на авторитет со мирни, парламентарни средства, додека другите (комунистите, лево општествените револуционери) се надеваат да ја зграбат моќта со револуционерни средства.
Анархизмот смета дека овие две позиции се фундаментално погрешни и штетни за еманципацијата на трудот.
Државната моќ секогаш оди рака под рака со експлоатацијата и поробувањето на масите. Се воздигнува од таа експлоатација, или се креира за неа. Државната моќ без насилство и експлоатација ја губи секоја смисла за постоење.
Државата и авторитетот ги ограбуваат масите од нивните иницијативи и го убиваат духот од независна активност, негувајќи го ропскиот менталитет на покорување, очекувања и верувања во владетелите и шефовите. Оттука, еманципацијата на работниците е само можна преку процесот на директна револуционерна борба од страна на работничките маси и нивните класни организации против капиталистичкиот систем.
Освојувањето на моќ од страна на социјал-демократските партии преку парламентарни методи во рамките на сегашниот систем, нема да ја унапреди еманципацијата на трудот ни најмалку, од едноставна причина што вистинската моќ, а со тоа и вистинскиот авторитет, ќе остане во буржоазијата, која има целосна контрола врз економијата и политиката на земјата. Улогата на социјалистичките авторитети во тој случај ќе биде принудена на реформи, подобрувајќи го истиот буржоаски систем (види го примерот на MacDonald социјал-демократските партии на Германија, Шведска и Белгија кои ја одржаа државната моќ под капиталистички систем).
Ниту освојувањето на моќ по пат на општествена револуција, ниту организацијата на таканаречената пролетерска држава, можат да ја унапредат каузата за првенствената еманципација на трудот. Државата, под претпоставка креирана за да ја брани револуцијата, неибежно акумулира сопствени специфични потреби и станува крај за самата себе, мрестејќи привилегирани општествени касти над кои се потпира, и со сила ги потчинува масите до сопствените потреби како и потребите на привилегираните касти, со што ќе ги реставрира основите на капиталистичкиот авторитет и капиталистичката држава: поробување и екплоатација на масите со насилство (пример е "работничката и селанската држава" на болшевиците).
НБ: Исто како и урбаниот и селанскиот пролетаријат, угнетена и експлоатирана класа, работничката интелигенција е составена од повеќе слоеви, за разлика од работниците и селаните, благодарение на економските привилегии со кои буржоазијата ги наградува своите одредени членови. Ете затоа, во раните денови на општествената револуција, само помалку богатиот слој од интелигенцијата ќе земе активно учество во револуцијата.
Улогата на масите во општествената револуција и во конструирањето на социјализмот е забележливо различна од предвидените државнички партии. Додека болшевизмот и неговите роднински струи ја заземаат линијата дека работничките маси поседуваат само деструктивни револуционерни инстинкти, и дека се неспособни за креативна и конструктивна револуционерна активност - што е нивната главна причина зошто власта треба се стави во рацете на луѓето кои ја креираат владата или партискиот централен комитет - анархистите сметаат пак дека работничките маси носат во себе голем, креативен и конструктивен потенцијал, и тие тежнеат да ги тргнат настрана пречките што го спречуваат ова манифестирање.
Анархистите всушност гледаат на државата како главна пречка, бидејќи ги узурпира сите права на масите и ги симнува од нивните функции во општествениот и економскиот живот. Државата мора да исчезне, но не да биде тоа еден убав ден во општество од иднината. Таа мора да се уништи од работниците на денот на нивната победа и не смее да се реставрира во било каков облик. На нејзино место ќе биде систем од само-управувачки работнички организации на производители и конзумирачи, обединети на федеративна база. Овој систем ги отфрла организацијата на државната моќ и на диктатура на било каква партија.
Руската револуција од 1917 дава пример за овој пристап со процесот на општествена еманципација преку создавањето на систем од работнички и селански совети и работни комитети. Тажната грешка беше во неликвидирањето на државната организација во раната фаза - прво авторитетот на провизионалната власт, а потоа и на болшевиците. Вторите, експлоатирајќи ја довербата на работниците и селаните, реорганизирајќи ја буржоаската држава според околностите и во тоа време, со помошта на државата ја уби креативната активност на револуционерните маси со давење на слободниот систем на советите и работните комитети што ги претставуваа првите чекори кон креирање на бездржавно општество.
Активноста на анархистите е поделена во две фази: предреволуционерниот период и револуционерниот период. Во двата случаи, анархистите можат да ја извршат соствената улога како организирана сила ако тие имаат јасно разбирање на целите на нивната борба и на методите за нивните достигнувања.
Во предреволуционерниот период, основната задача на Генералниот анархистички сојуз е да ги подготви работниците и селаните за општествената револуција.
Со одбивање на формалната (буржоаска) демократија и државниот авторитет и со прокламирање на целосната еманципација на трудот, анархизмот го сместува најважниот акцент на ригорозните принципи на класна борба, будејќи и негувајќи ја револуционерната класна свест и револуционерната класна непопустливост на масите.
Анархистичката едукација на масите мора да се спроведе во духот на класната напопустливост, анти-демократизам, анти-државност, и во духот на идеалите на анархистичкиот комунизам, но само едукацијата не е доволна. Степен на анархистичка организација на масите е исто така потребен. Ако ова треба да се постигне, ние треба да работиме на две линии: на едната страна, селекција и групирање на револуционерни работнички и селански сили врз основа на анархистичка теорија(експлицитно анархистички организации), и од друга страна, нивото на групирање на револуционерни работници и селани врз основа на производство и конзумирање (револуционерни работнички и селански производствени организации и слободни работнички и селански кооперативи, итн.).
Работничките и селанските класи, организирани на база на производство и конзумирање и исполнети со идеологијата на револуционерниот анархизам, би биле првенствени помеѓу силните точки на општествената револуција, и со поголемото запознавање на анархистичка свест и анархистичка организација, толку повеќе ќе се демонстрира анархистичката цел, анархистичката цврстина и анархистичката креативност во часот на револуцијата.
Што се однесува на работничката класа на Русија, после осум години на болшевичко диктаторство, што го заузда природниот апетит на масите за независна активност, и заблескувачки ја демострираше вистинската природа на сиот авторитет, јасно е дека класата во себе сокрива енормен потенцијал за формирање на масовно анархистичко и анархо-синдикалистичко движење. Организираните анархистички милитанти мора веднаш и со сите расположливи ресурси да го култивираат тој апетит и потенцијал, пред да се дозволи во дегенерирање во меншевизам.
Анархистите затоа мораат, без одложување да го насочат сиот свој труд во организирањето на сиромашното селанство, кое е угнетено од авторитетите, но ја бара сопствеата еманципација, и собира енормен револуционерен потенцијал.
Анархистичката улога во револуционерниот период не може да се затвори на проповедање на анархистички слогани и идеји.
Животот може да биде виден како арена не само за проповедање на оваа или онаа идеја, туку и како арена за борба, каде силите тежнеат кон влијаење на општествениот маневар за добивање на идеолошки подобра позиција. Повеќе од било која друг видик, анархизмот мора да стане водечка идеја во општествената револуција, бидејќи само благодарение на анархистичките идеји општествената револуција ќе ја постигне комплетната еманципација на трудот.
Водечката позиција на анархистичките идеји во револуцијата имплицира, во исто време, дека анархистите и анархистичката теорија играат влијателна улога во текот на настаните. Сепак, ова влијаније не смее да биде забуна за политичко лидерство на државнички партии, кои само кулминираат во државната моќ.
Анархизмот не цели да ја заземе политичката моќ, да создаде диктаторство. Главната аспирација на анархизмот е да асистира на масите при избирањето на уникатен пат до општествена револуција и општествена конструкција. Но, не е доволно само за масите да натоварат кон патот на општествената револуција. Мора да се осигура дека револуцијата се држи до својот пат и до својата цел - отфрлање на капиталистичкото општество во име на општеството на слободните работници. Како искуство од руската револуција од 1917, не постои лесна задача, главно на сметка на многуте партии кои се обидуваа да го насочуваат движењето во спротивната насока од онаа на општествената револуција.
Иако масите на општествените пресврти се поттикнати длабоко од анархистички тенденции и слогани, тие не се координирани на било кој начин, и како резултат тие ја немаат кохерентноста и апелот за да станат водечки идеји, што е суштинско доколку општествената револуција сака да ги задржи анархистичката ориентација и цели. Оваа движечка сила на идеји може само да најде израз во специфичен колектив воспоставен од масите за таа изразна цел. Организираните анархистички елементи и организираното анархистичко движење ќе го конституираат тој колектив.
За време на револуцијата, тој колектив, т.е. Генералниот сојуз на анархисти, ќе сноси големи теоретски и практични одговорности.
Ќе треба да покаже иницијатива и да демонстрира комплетна посветеност на секој аспект во општествената револуција, насочувајќи ја ориентацијата и карактерот на револуцијата, граѓанската војна и одбраната на револуцијата, позитивните задачи на револуцијата, новиот систем на производство, конзумирање, аграрното прашање, итн.
За сите овие и многу други прашања, масите ќе бараат јасни и прецини одговори од анархистите. И откако анархистите ќе го донесат концептот на анархистичка револуција и на анархистичка структура на општеството во јавноста, тие ќе мораат да презентираат прецизен одговор за секое такво прашање, да ги поврзат со решенијата на тие проблеми со генералниот концепт на анархизмот и да ги сместат сите ресурси за нивна ефективна реализација.
Само така генералниот сојуз на анархисти и анархистичкото движење можат успешно да ја одиграат сопствената улога како водечка сила на идеји во општествената револуција.
Од овој аспект сите минимални програми на социјалистичките политички партии, на пример демократската програма на опуртинистичките социјалисти, или комунистичката програма на "диктатурата на пролетаријатот", се програми за транзициониот период.
Суштинската карактеристика на овие минимални програми е дека тие се однесуваат на комплетната реализација на работничките идеали - нивната независност, слободата и еднаквоста - идеали кои не можат да се реализираат на краткорочен период, и како резултат тие задржуваат цели серии на иснституции од капиталистичкиот систем: принципот на државна принуда, приватната сопственост на средствата и инструментите за производство, ропството на исплата, и многу други во однос на целите на секоја програма на политичките партии.
Анархистите секогаш биле принципиелни противници на такви програми, земајќи го ставот дека конструкцијата на транзициони системи ги задржува принципите на експлоатација и принуда над масите што неизбежно води назад кон ропство.
Наместо политички минимални програми, анархистите настојуваат на општествена револуција која би ја симнала капиталистичката класа од политичките и економските привилегии, и би ги сместиле средствата и инструментите на производство, и сите други функции на општествениот и економски живот, во рацете на работниците.
И таа позиција на анархистите стои цврсто и до ден денес.
Идејата за транзициониот период, во кој општествената револуција треба да кулминира не во анархистичко општество, туку во некоја друга форма на систем што ќе ги задржи елементите и реликвиите на стариот капиталистички систем, во суштина е анти-анархистичка. Таа во себе ја содржи заканата од поткрепување и развивање на овие елементи во нивните претходни пропорции, а со тоа насочувајќи ги настаните во спротивната насока.
Еден јасен пример за ова е режимот "диктатура на пролетаријатот" воспоставен од болшевиците во Русија, што според нив претставуваше транзициона фаза во маршот кон комплетен комунизам, но кој всушност резултираше со реставрација на класното општество, на чие дно, како и порано, ги наоѓаме индустриските работници и најсиромашните селани.
Главниот фокус во конструкцијата на анархистичкото општество не се состои од гарантирањето на секоја индивидуа, веднаш од денот на револуцијата, неограничена слобода за барање на задоволување на нејзините потреби, туку во освојувањето на општествените основи на тоа општество и во воспоставувањето на принципите на релации меѓу луѓето. Прашањето на поголема или помала исполнета целина на ресурси не е принципиелно, туку е од техничка природа.
Потенцираниот принцип подолу, над кој ќе биде изградено новото општество, правилото над кое ќе се потпира, така да се каже, и кое не смее да биде ограничено ни на најмал степен е еднаквоста на релации, слободата и независноста на работниците. Овој принцип ја енкапсулира примарната потреба на масите, во чие име тие ќе станат во општествената револуција.
Или општествената револуција ќе заврши со пораз на работниците, во чиј случај треба се да се започне одново за подготовки на друга борба, свежа офанзива притив капиталистичкиот систем; или тоа ќе биде победа на работниците, во чиј случај ги заробиле потребните средства за одбрана на самите себе - земјата, производството и општествените функции - тие ќе сетираат градење на слобоно општество.
Тој момент ќе биде почетокот на конструкцијата на анархистичко општество, кое еднаш започнато, ќе се развива континуирано, собирајќи сила и константно ќе се подобрува.
Затоа, заземањето на производството и општествените функции ќе биде делбена линија помеѓу државните и не-државните ери.
Со цел да стане собирна точка на борбените маси и на револуционерната епоха, анархизмот не смее да ги крие сопствените основни принципи, ниту пак да ја акомодира својата програма за асимилација на отпад од стариот ред, опортунистичките тенденции на транзиционите системи и периоди; наместо тоа, мора да ги развива своите принципи и да ги рафинира што е можно повеќе.
Идеите на комунизмот и синдикализмот окупираат две различни рамнини. Каде комунизмот, т.е. слободното општество на еднакви работници, е целта на анархистичката борба, синдикализмот, т.е. револуционерното движење на индустриските работници базирано на занаети, е една од формите на револуционерната класна борба.
Во обединувањето на индустриските работници врз база на производството, револуционерниот синдикализам, како и секое синдикално движење, нема одредена идеологија: нема светски поглед кој ќе ги опфати сите комплексни општествении политички прашања во сегашнава ситуација. Тоа секогаш ги рефлектира идеологиите на опсег од политички групирања, забележително од оние кои најмногу работат во нивните редови.
Нашиот став во поглед на револуционерниот синдикализам следи од тоа што е досега кажано. Без да сакаме да го решиме однапред прашањето на улогата на револуционерните синдикалистички организации веќе во вториот ден од револуцијата (т.е. дали тие ќе бидат организатори на новиот систем на производство во целост, или ќе ја остават таа улога на работничките совети или работните комитети?), нашиот став е дека анархистите мора да бидат вклучени во револуционерниот синдикализам како една од формите на работничкото револуционерно движење. Сепак прашањето сега не е дали анархистите треба или не треба да земат улога во револуционерниот синдикализам, туку како и кон која цел тие треба ја играат улогата.
Целиот период до денес, кога анархистите беа дел од револуционерното синдикалистичко движење како индивидуални работници или пропагатори, е период кога релациите со индустриското трудово движење беа аматерски.
Анархо-синдикализмот, кој се стреми цврсто да ги воспостави анархистичките идеји во левото крило на револуционерниот синдикализам преку создавањето на унии од анархистички тип, преставува чекор напред во овој поглед, но сеуште не е подобрен од аматерските методи. Ова е затоа што анархо-синдикализмот не се поврзува со "анархизирање" на синдикалистичкото движење со организација од анархистички сили надвор од тоа движење. Само кога би била воспоставена таква врска, тогаш е можно да се "анархизира" револуционерниот синдикализам за да се спречи било какво лизгање кон опортунизам.
Ние го сметаме револуционерниот синдикализам само како синдикално движење на работниците без одредени општествени и политички идеологии, а со тоа самото движење е неспособно самото по себе да ги реши општествените прашања; и како такво, нашето мислење е дека задачата на анархистите во редовите на тоа движење се состои во развивање на анархистички идеји во него и управувајќи го во анархистичка насока, така би се претворило во активна армија на општествената револуција. Важно е да се запомни дека ако синдикализмот не ја даде подршката на анархистичката теорија во догледно време, тогаш ќе биде приморан да се потпре на идеологијата на некоја државничка политичка партија.
Зачудувачки пример на ова е францускиот синдикализам, кој еднаш заблеска на сметка на своите анархистички слогани и анархистички тактитки, пред да падне под налетот на комунистите и, пред се десното крило на опртунистичките социјалисти.
Но, задачата на анархистите во редовите на револуционерното трудово движење може да се изведе само ако нивните напори се тесно поврзани и координирани со активноста на анархистичката организација надвор од синдикатот. Поинаку кажано, ние мора да влеземе во револуционерното трудово движење како организирана сила, одговорна пред генералната анархистичка организација за нашата работа внатре во синдикатите, и примајќи водство од таа организација.
Без да се ограничуваме себеси само на воспоставувањето на анархистички синдикати, ние мора да бараме да ги истакнуваме нашите теоретски влијанија на револуционерниот синдикализам како цело, во сите негови форми (Индустриските работници од светот, руските синдикати, итн.). Но, ние ќе го постигнеме ова со работа како ригирозно организиран анархистички колектив, и секако не како мали аматерски групи, без организациони линкови или без заедничка теоретска база.
Групите од анархисти на работните места, кои работат да креираат анархистички синдикати, кои прават кампањи во револуционерниот синдикализам за превласт на анархистичките идеји во синдикализамот и неговата тоеретска ориентација и самите водени во нивната активност од анархистичката организација на која припаѓаат - ове е значењето на врската помеѓу анархистите и револуционерниот синдикализам и се врзани помеѓу револуционерните синдикалистички движења (и формата која треба да ја заземат).
On to Конструктивен Дел
Back to Index
Return to The Nestor Makhno Archive
Other pages connected to this site: